„Се правев мртва за да престанат да ме тепаат“ : Славната актерка претрпела трауми за кои долго молчела

20 декември, 2020
131692_profimedia0173643566_ff

Животот на легендарната Мерил Стрип не беше воопшто лесен. Таа била нападната двапати, а еднаш криминалците ја претепале толку многу што се преправала дека е мртва за да запрат.

– Ме нападнаа еднаш на улиците во Њујорк. Се правев мртва за да престанат да ме тепаат. Тоа беше како да гледам како моето тело паѓа од височина од 20 метри – еднаш рече Мерил, која едвај се опорави по нападот за време на кој беше на работ на смртта.

Сепак, тоа не беше крајот на страшните настани. Една вечер таа беше во друштво на добра пријателка, која е добро позната на сите. – Личност блиска до мене беше нападната и претепана. Потоа полудев и почнав да го удирам напаѓачот. Шер беше со мене. Го избркавме напаѓачот, тоа беше чудо – рече Мерил на доделувањето на наградите за истражувачко новинарство.


Сепак, можеби најубавата, а воедно и најтрагична приказна е за љубовта на нејзиниот живот, нејзиниот колега Џон Казале, во кого се вљуби пред четири децении. Џон беше 14 години постар од Мерил, а љубовта избувна од првиот момент кога се запознаа, во 1976 година. – Никогаш не сум сретналанекој таков. Тој беше единствен, многу сочувствителен и љубопитен – рече Мерил подоцна за Џон.


Иако многу се сакаа, парот не можеше да стори ништо кога Џон се разболе во 1977 година. По наредба на пријател, тој отишол на лекар и веднаш било утврдено дека боледува од рак на белите дробови. Во тој момент, Мерил седеше во ординацијата и само немо ја гледаше нејзината љубов, за наеднаш да праша: „Каде одиме на вечера денес?“.

Ова беше почеток на нејзината борба, која траеше до самиот крај кога Џон почина. Актерот кога дознал дека е болен, веднаш ги откажа сите проекти на кои играше, а Мерил започна да работи со полна брзина и дури и повеќе од порано.