Се прослави како дете во една од најпопуларните ТВ серии, но денес малку луѓе го препознаваат

31 октомври, 2020
untitled-design-1alys8g

Џонс се повлече од јавниот живот, се сврте кон религијата и го смени имиџот. Ситкомот во кој се прослави на едно од последните интервјуа беше окарактеризиран како „глупаво ѓубре“.

Поранешниот актер Ангус Т. Џонс (27) на публиката ѝ е познат по улогата на Џејк Харпер, момчето во хумористичната серија „Два и пол мажи“, но Џонс денес е далеку од светот на шоубизнисот и филмските камери. Неговата веб-страница вели дека тој работи во компанија и приватно се свртел кон религијата.

Смешната серија „Два и пол мажи“ никогаш не помина баш најдобро меѓу критичарите или се сметаше за врв на телевизијата, но станува збор за ситком кој успеа да допре до најшироката публика и со години бележеше неверојатно висока гледаност, што резултираше со зачудувачки високи хонорари за главните актери. Нема сомнение дека Џонс беше меѓу нив, но последните неколку сезони тој се обидуваше да се откаже, па продуцентите наидоа на проблеми.

Младиот актер тогаш рече дека не може и не сака да глуми во „глупава серија, која им ги исполнува главите на луѓето со ѓубре и создава проблеми од бизарни работи, додека во реалниот свет луѓето имаат многу грижи“.

Џонс се крсти и се повлече од јавниот живот пред да го напушти проектот. Тој исто така го смени имиџот. Порасна брада и последните години изгледа скоро непрепознатливо.