Се разгореа страстите на плажа – Неодамна поднесе барање за развод , а веќе се бакнува со Масон Морфит!

14 јули, 20200
strasti 0

Ѕвездата на Fast and Furious, Јордана Брустер (40) се чини дека закрепнува брзо од распаѓањето на нејзиниот 13-годишен брак со филмскиот продуцент Ендру Форм (48).

Според „Daily Mail“, актерката поднесе барање за развод пред околу десетина дена, а беше видена на плажа минатиот викенд како страствено се бакнува со своето ново момче, Мејсон Морфит. Двојката се шеташе во Малибу покрај океанот во обична облека, држејќи се за раце, а потоа тие застанаа и се препуштија на страстите.

Според странските медиуми, новиот избраник на Јордана е извршен директор на компанија за инвестиции. Патем, на 1 јули, Јордана поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Ендру, со кого има два синови Јулијан (6) и Рован (4). Двојката, наводно, започнала да живее одделно пред неколку месеци.

Не е познато што била причината за разводот, а Јордан и Ендру останаа на пријателски односи.Двојката се запознала во 2006 година на сетот на хорор филмот The Texas Chainsaw Massacre: The Beginning. Тие првично ја чуваа својата врска во тајност  затоа што сметаа дека другите членови на продукцијата ќе мислат дека е тоа е непрофесионално од нивна страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *