Се сеќавате кога Деми Мур позираше бремена и гола? Познатата манекенка ја искористи бременоста како костим и го стори истото

1 ноември, 2020
Screenshot_10

Емили Ратајковски за Ноќта на вештерките се облече како Деми Мур, па позираше во долна облека слична на онаа што Деми позираше пред скоро 30 години кога беше бремена со својата ќерка Скаут.

Многу славни личности ширум Светот ја прославија Ноќта на вештерките маскирајќи се во разни ликови, а некои дури се претворија и во познати актери. Манекенката Емили Ратајковски, која пред неколку дена откри дека го чека своето прво дете со сопругот Себастијан Беар-Меклард, се маскираше во актерката Деми Мур.

Речиси 30 години по култната насловна на која Деми позираше гола додека беше бремена со својата ќерка Скаут, истото го стори и бремената манекенка. 29-годишната Емили позираше со црна кратка коса иста како и на Деми, голема бела кошула преку рамената, но наместо да биде целосно гола, таа носеше црна долна облека и ги завитка рацете околу стомакот. Деми Мур ја имаше истата комбинација на фотографијата за Vanity Fair во тоа време.

„Телото на Деми“, напиша Емили покрај фотографијата што ја објави на Инстаграм

Веста за бременоста ја објави Емили на насловната страница на магазинот Vogue, а последните денови таа истакна дека полека се запознава со своето ново тело. Таа и нејзиниот сопруг се повеќе заљубени од кога било, а славната манекенка неодамна призна дека се зближиле уште повеќе за време на карантинот.

escort - Korsan taksi