Се шири тажна снимка од Наја Ривера: “Како да зборува за својата смрт”

14 јули, 20200
Annotation 2020-07-14 131924

ТЕЛОТО на глумицата Наја Ривера е пронајдено на 13ти јули, точно на седмата годишница од смртта на нејзиниот колега од серијата Glee, Кори Монтеит.

Монтеит се предозираше во хотелска соба во Ванкувер во 2013 година. Обдукцијата покажа дека го убила смртоносната комбинација од алкохол и хероин. Четири месеци претходно излезе од клиника за одвикнување.

Во тоа време сеуште траело снимањето на серијата, а неговиот лик Фин Хадсон требал да се врати. Сценаристите одлучија дека со глумецот ќе умре и неговиот лик, но причината за смртта на Фин не е објаснета, што многу ги разлути гледачите.

Од вчера се шири исечок од серијата на кој Наја му пее на Фин, односно на Кори. Освен што името на песната “If I Die Young” сега звучи уште позлокобно, стиховите во кои се спомнува реката многу повеќе потсетуват на трагичната судбина на Наја отколку на Кори.  

“Ако умрам млад закопајте ме во сатен,

Положете ме на кревет од рози

Нурнете ме во река во зори”, отпеа глумицата пред 7 години.

“Оваа песна сега звучи толку мрачно”, “Звучи како да говори за себе”, “Фактот што не знаеше дека таа вака ќе умре во 2020 година ми го крши срцето, како оваа серија да е проколната”, ова се само некои од бројните коментари напишани под видеото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi