Се соблече топлес да покаже колку ужива во одморот, со своето момче и пријателите летува во луксузна вила

18 август, 2020
Annotation 2020-08-18 141523

Пејачката Рита Ора (29) се одмара на грчкиот остров Крф, а го искористи почетокот на неделата за да ја покаже својата одлична фигура. Пејачката честопати ги изненадува своите верни следбеници со разголени фотографии, а ништо не беше поразлично ниту овој пат.

29-годишната Рита позираше во минијатурно бикини и се соблече топлес, криејќи ги градите со рацете. “Најдобрите неколку недели со најдобрите луѓе. Јас сум на моето среќно место. Ми недостасува да поминувам време со сите вас. Ве сакам сите”, напиша очигледно среќната пејачка во описот на фотографиите на Инстаграм.

Пред Грција, Ора ја посети и Шпанија, каде уживаше на Ибица со своето ново момче Роман Гаврас и пријателите. „Дејли меил“ пишува дека Рита го поминува одморот во Грција во луксузна вила која чини неколку илјади долари за ноќ и има два базени, седум апартмани и приватна јахта.

Рита Ора и 10-години постариот режисер Роман се заедно веќе четири месеци и нивната врска е сериозна, пренесуваат странските медиуми. Тие за прв пат биле видени заедно за време на едно  ноќно излегување во Лондон.