4 август, 2020

Во британскиот град Њукасл се отвара првата арена со друштвена дистанца, Virgin Money Unity Arena, во која во наредните месеци ќе се одржуваат концертите.

Арената има капацитет од 2500 луѓе и поседува 500 платформи на кои посетителите ќе можат заедно да уживаат во концертите.

Музичката индустија и понатаму трпи големи загуби, поради тоа што сите концерти и фестивали се откажани за оваа година, но можеби ќе се најде решение.

Оваа нова арена ќе биде поставена на градските тркачки стази и дизајнирана е така што ќе се почитуваат сите правила за социјална дистанца.

Надвор ќе може да стојат 2500 луѓе , а ќе бидат поставени 500 раздалечени платформи, на кои љубителите на музиката ќе уживаат во неа- исклучително претходно одбрана екипа. Внесување на храна и пијалоци нема да биде дозволено., но преку апликација ќе можете да ги нарачате посакуваните грицки, кои ќе ве чекаат на платформата.

Во арената под ведро небо ќе настапат неколку големи изведувачи, чии имиња ќе бидат објавени на 7ми јули.

Посетителите во секој момент ќе мораат да бидат на растојание од 2 метри и на концертот ќе мора да дојдат исклучително со автомобил, а ќе им биде обезбедено и паркинг место. Сите ќе носат маски и ракавици, а во секој ред до платформата ќе има тоалет.

Остави коментар

Почетна // Sun Story // Се враќаат концертите: Еве како ќе изгледа првата арена со друштвенo дистанцирање
Горе