СЕ ЗНАЕ И ПОЛОТ Кејт и Вилијам го чекаат и четвртото дете?

13 јуни, 20200
kejt dete

На среќата и нема крај.

Веќе со месеци светските медиуми непрестано ги пренесуваат бројните ‘шушкања’ и нагаѓања за тоа како војвотката од Кембриџ, 38-годишната Кејт Мидлтон, е трудна. Иако парот тоа никогаш не го коментирал, а на Кејт не се приметува стомаче, светските медиуми овие денови се распишаа како таа и нејзиниот помлад сопруг, принцот Вилијам, чекаат девојче, кое на свет би требало да стигне кон крајот на годината.

Магазинот Woman’s Day, пишува како трачевите за приновата во кралското семејство ги ‘потпали’ фактот дека Кејт и Вилијам се ‘уловени’ во близина на лондонската болница, а Кејт која наводно се наоѓа во третиот месец од бременоста, не можела да го скрие сјајот на лицето. Неименуван извор од дворот за наведениот таблоид потврдил дека станува збор за закажан гинеколошки преглед.

Среќните вести Вилијам, додава истиот извор, наводно веќе и ги објавил на баба си, 94-годишната кралица Елизабета II, која исто така е воодушевена.

‘Тоа ќе биде ‘олеснување’ во кралското семејство после сите скандали. Вилијам е надвор од себе. Многу е горд на семејството кое Кејт му го подари. Кејт пак, секогаш сакала да ја имитира кралицата и да има четири деца. Девојчето ќе биде прекрасен баланс во нивното семејство, со оглед на тоа дека малата Шарлот сега е опкружена со двајца браќа, заклучува изворот.

Инаку, војвотката од 2013 година ужива во магијата на мајчинството. Таа година го роди принцот Џорџ, а две години подоцна стигна малата принцеза Шарлот. Три години покасно во 2018 година се роди принцот Луис, а Кејт во недамнешното интервју во подкаст на емисијата ”Happy Mum, Happy Baby’ се присети на проблемите кои ги поминала во текот на бременоста. ‘Имав силни утрински мачнини, така да не бев најсреќната трудница. Беше грозно. Навистина бев болна, не можев ни да јадам, но на некоја среќа моето тело успеа да го земе се она што е добро како би можело да створи нов живот, што е всушност фасцинантно’, раскажа и истакна како сега е најсреќна кога е со своите деца, бидејќи навистина ужива во улогата на мајка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi