СЕКОГАШ спремна за МЕГА БОМБИ! Бизарна до небо, Мадона го дигна светот повторно на нозе

1 мај, 20200
madona

Како што многумина коментираат на социјалните мрежи, нејзината снимка е малку језива …

Кралицата на поп-музиката Мадона на својот Инстаграм профил објави видео со кое ја вознемири јавноста.

Во видеото покажува како води дневник во изолација (го нарекува карантин дневник), 61-годишната пејачка додава дека била тестирана за корона и е откриено дека има антитела на вирусот.

И тогаш таа раскажа што планира да направи …

„Ќе влезам во автомобилот, ќе ги отворам прозорците и ќе дишам воздух Ковид-19“, вели Мадона, чие видео предизвика бурна реакција на социјалните медиуми, при што многумина го нарекуваат гадно и бизарно.

View this post on Instagram

#staysafe #staysane

A post shared by Madonna (@madonna) on

Она што таа не го објасни е дали го прележала корона вирусот, бидејќи нејзиното тело развило антитела на Ковид-19.

Многумина исто така се прашуваат дали е свесна дека ризикува, бидејќи сè уште не е потврдено од СЗО дека лицето што „прележало“ корона не може повторно да зарази.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *