Секој ден во изолација прави по 1 тетоважа – почнува да му снемува место за нови
Крис Вудхејд секој ден правел по една тетоважа на своето тело откако се воведува карантин поради пандемијата на коронавирус. Сепак, тој наиде на еден проблем, тој почна да нема простор.
Речиси секоја педа од неговата кожа е покриена со тетоважи од различни стилови и теми. На неговото тело има коцки, палми, скорпии, вуду кукли… Пред изолацијата тој имаше околу илјада тетоважи, а сега направи уште 40.
Секој ден, помеѓу 14 и 16 часот, Крис прави нови цртежи инспирирани од моменталната состојба во светот, а потоа прави чај и започнува да тетовира.
„Тетовирањето е терапевтско. Јас го тетовирам она што ми доаѓа на ум. Најмногу размислувам за оваа криза“, изјави Крис за Би-Би-Си.
Напиша „Кога ќе заврши ова“ на нога, и посвети една тетоважа на медицинските лица.
Една од тетоважите ја посветил и на Joeu Exotica од серијата на Нетфликс Tiger King