Секој по својот пат: Кејт и Вилијам се разделуваат?!

26 јуни, 20200
29018786-8372889-image-m-5_1590871143892

Дека заминувањето во Америка на 35-годишниот принц Хари и неговата тригодини постара сопруга, Меган Маркл му донесе голем број проблеми на британскиот кралски двор е повеќе од јасно. Покрај тоа што се откажале од должностите, тие им ги пренеле на другите членови на семејството, на кои сега им се дадени уште поголеми одговорности. Еден од паровите, чиј обем на работа се зголеми особено со заминувањето на младата брачна двојка, се Војвотката и Војводата од Кембриџ, кои, заради горенаведеното, решија да се разделат.


Имено, според пишувањата на New Idea, експертот за кралското семејство, Фил Дампиер, изјавил дека Кејт и Вилијам, заради заминувањето на Меган и Хари, добиле повеќе одговорности од вообичаеното, и кои, за да направат сè да биде добро, биле приморани меѓусебно да ги поделат обврските. Па така, се очекува дека во иднина кралската двојка ќе се појавува поретко заедно на официјални настани, а многу почесто одделно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *