Селма Блер повторно оди: Доби ортопедско помагало

9 мај, 20200
селма 0

Американската актерка Селма Блер, повторно оди благодарение на ортопедско помагало откако дозна дека боледува од мултипла склероза.

Американската глумица Селма Блер (47), пред година дена и дијагностицираа мултипла склероза. Од тогаш многу често на социјалните мрежи споделува за животот и борбата против болеста.

Неодамна нејзина фотографија пред еден ресторан за брза храна, покажа колку нејзината здравствена состојба е лоша. Странските медиуми тогаш пренесоа дека со нејзиниот дечко Дејвид Лионсом, стоеле во ред, но брзо го напуштила објектот поради јаки болки.

За тоа време тој ја придружуваше, додека она се виткаше од болки. Но, сега има подобрувања и се јавува со убави вести.

Во новата објава на Instagram, Блер напиша дека добила протеза за одење која многу и помага. Всушност, после дијагнозата, таа ја изгуби моќта да зборува, но сега полека и се враќа, а еден период беше и неподвижна.

– Им благодарам на ортопедскитата група која го пронајде ова решение и за поддршката за одење. Импресионирана сум – напиша глумицата, покрај краткото видео. Всушност покажа колку има напредок. Еден период Селма користеше бастун, но сега доби подобро и трајно решение.

Блер своевремено изјави дека со години ги имала симптомите, но не ги сфаќала озбилно додека не паднала пред пријателите, и ја натерале да оди на преглед.

Најпрво мислела дека е проклештен нерв, но потоа се испоставило дека од ова неизлечива болест глумицата боледува најмалку 15 години.

– Се опоравувам. Многу подобро одам. Потечена сум и ме болат зглобовите. Со очите се уште не можам да фокусирам.Хемотерапијата и високата доза на лекови имаат своја цена. Добивам високите дози на терапија поради трансплантацијата – напиша пред неколку месеци. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi