Сепак Ким Кардашијан не е негова единствена љубов: Која е девојката на која Канје Вест и предложил брак?

17 јуни, 20200
kim vest

На сите ни се чини дека Канје Вест и Ким Кардашијан Вест се заедно отсекогаш, но да не заборавиме дека во периодот пред да ја освои реалити ѕвездата, раперот имаше бурен љубовен живот. Всушност, раперот беше на самиот раб да “рипне во тавче” со некој друг во средината на 2000-тите. Па, која била жената што раперот планирал да се ожени пред да се заљуби во Кардашијан?

Канје Вест и Алексис Фајфер се гледаа во раните 2000-ти.

PARIS – MARCH 01: Kanye West and Alexis Phifer attend the John Galliano fashion show during Paris Fashion Week Fall/Winter 2008 held at the Grande Halle de la Vilette on March 1, 2008 in Paris, France. (Photo by Dominique Charriau/WireImage)

Името Алексис Фифер може да им звучи познато на оние кои што го следат Вест уште од почетокот на неговата кариера.

Модната дизајнерка го запозна раперот кога беше само обичен човек во 2002 година – две години пред да го објави албумот со кој ја започна својата кариера, “The College Dropout”.

Парот беше во врска со прекини, повеќе од 6 години, кога Вест и предложи брак на Алексис, во Август 2006 за време на нивниот одмор во Капри.

Во текот на следната година и пол, Вест и Фајфер „живееја прекрасен, модерен и хармоничен живот“.

Една година по нивната свршувачка, мајката на Вест, Донда Вест, неочекувано починалa. По немилиот настан, добитникот на Греми, сфатил колку е скапоцен живот и одлучил дека сака да се ожени со Фајфер што е можно порано.

„Едноставно само ќе се оженам – нема да направам голема работа од тоа“, изјави тој за “GQ” во тоа време. „Не би се оженил со некого само за да докажам нешто. Тоа е само за мене, за стабилност во мојот живот и јас сум толку среќен што најдов некој што навистина го сакам, што ме предизвикува, што го прави постојано мојот живот интересен, а истовремено е и толку луд колку што сум и јас “.

Според изворите, Вест едвај чекал да се ожени со Фајфер за да можат да ја исполнат желбата на Донда да се венчаат. Како и да е, работите не минаа како што беше планирано затоа што во 2008 година, парот ја прекина врската – само 18 месеци по нивнaтa свршувачка.

Во 2011 година, Фајфер се отвори за нејзината свршувачка со раперот во интервју за  “Vibe”.  „Тоа беше само дел од мојот живот, но сега сум сигурна во себе и во тоа што станав денес, како и тоа што го работам“, рече таа.

Неколку месеци откако Вест и Фајфер се разделија, тој започна врска со моделот Амбер Роуз, но на врската и дојде крај во 2010 година.

За разлика од неговото раскинување од Фајфер, Вест и Роуз неславно ја завршија нивната врска. Во 2012 година, Роуз тврдела дека Ким Кардашијан е причината за разделбата на неа и Вест, посочувајќи дека раперот ја изневерувал со реалити ѕвездата.

Додавајќи повеќе масло во оганот, Роуз исто така објави дека Кардашијан и Вест имаале афера додека таа се уште била во врска со тогашното момче Реџи Буш.

„Таа е расипикуќа! И двајцата изневеруваа “, изјави Роуз за магазинот “Star”.

По драмата со Роуз, Вест официјално јацзапочна врската со Кардашијан во 2012 година.

Денес, парот се родители на четири мали ангелчиња Норт, Сеинт, Чикаго и Псалм.

Во мај 2020 година, парот ја прослави својата 6-годишнина од свадбата, со тоа што Кардашијан Вест сподели серија љубовни слики и слатка порака на Инстаграм.

View this post on Instagram

Happy Birthday to my King

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi