СЕСТРАТА НА ГEОРГИНА ГИ ВООДУШЕВИ ФУДБАЛЕРИТЕ! Сите го прашуваат Роналдо за нејзиниот број!

17 септември, 2020
георгина

Шармантна е како нејзината сестра

Уште кога стана девојка, па дури и свршеница на еден од најдобрите фудбалери досега Кристијано Роналдо, 26-годишната Георгина Родригез се појавуваше во медиумите скоро секој ден, но до неодамна никој не знаеше како изгледа нејзината четири години постара сестра Ивана Родригез.

Имено, Георгина и Ивана неодамна се појавија заедно на интимна добротворна вечера на која присуствуваа многу фудбалски колеги на Кристијан, а мистериозната сестра го освои тимот на Јувентус само со нејзината појава.

Италијанските медиуми пишуваат дека неколку играчи на Јувентус, чие име не е откриено, веќе го замолиле Кристијано да им го даде бројот на својата балдаза, на што 35-годишниот фудбалер не се согласил бидејќи Ивана наводно е во долга и среќна врска. Иако не се знае многу за неа, таа на Инстаграм е претставена како суперхеројина и како девојка со големи соништа. Таа е многу врзана за својата сестра и ги обожава своите внуци.

escort - Korsan taksi