Северина го крие стомакот?

13 август, 2020
северина

Дека Северина ужива во летните радости, покажала на Инстаграм.

Таа позирала на морска лулашка во Moro Beach во Корчула, каде е со пријателките.

Посебно внимание привлекол нејзиниот костим за капење. Градникот со црни светки привлекува внимание, а гаќичките со подигнат струк се идеални за дами кои визуелно сакаат да го намалат стомакот.

Станува збор за костим за капење кој повеќе открива отколку што покрива, а ова лето е особено популарен.

Изгледа Северина успеала да открие многу, но на пристоен начин го носи овој летен хит.

Единствено се поставува прашањето дали и се потребни гаќички со висок струк со оглед на тоа дека нејзиното тело е затегнато и нема никаков проблем со стомакот.

Или кај неа почнале да се јавуваат првите знаци на стареење, па одлучила да носи практичен модел на костим за капење…