Фатен на дело: Што видела Северина во телефонот на Игор???

31 мај, 20200
severina-igor-kojic

Со денови се шпекулира дека Северина и Игор Којиќ се разведуваат, па со самото тоа се наведуваат и разни причини за кризата во бракот.

Сепак вистината е сосема поинаква од она што се пишува. Северина го фатила Игор како на некого тајно му пишува пораки поради што дошло и до голема караница. Таа е уверена дека Игор има некоја тајна врска, а тој пак не може да ја разубеди.

„Игор седел во еден ресторан сам и пишувал порака на мобилниот, а Северина му се придружила малку подоцна“ – изјавил изворот и додал:

„Кога стигнала му пришла од зад грб и тој брзо го сокрил телефонот за да не види Северина со кого се допишува, но таа тоа веднаш сфатила и се налутила многу.“

„Бидејќи Игор не и дал објаснување, таа само замолчела и не сакала да разговара со него. Од тогаш всушност и трае кризата во нивниот брак, а вистината е следна. Игор преку некои пријатели на Кеба и своите адвокатски контакти се обидувал да најде решение за проблемите на Северина со старателството, меѓутоа бидејќи тоа не било сигурно не сакал да и дава лажна надеж па затоа тоа го правел позади нејзиниот грб.“ – изјавил изворот.

„Таа пак се сомнева дека се работи за некоја тајна врска и поради тоа дошло до недоразбирањето. Игор е многу тажен и очаен, но Кеба е покрај него и го теши и уверува дека се ќе биде во ред. Во секој случај односите има се затегнати но за развод не ни станува збор“ – заклучил изворот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi