Северина по казнената пријава сподели лежерна фотографија на море: “Еве ме дома, подобро сум веднаш”

27 јуни, 20200
Annotation 2020-06-27 002038

Северина на инстаграм сподели фотографија на која таа позира на брод во црн костим за капење и големи очила за сонце.

После изјавите дека добила казнена пријава бидејќи не го предала синот Александар на поранешниот маж Милан Поповиќ, таа се одлучи да се опушти на море.

Пејачката сподели фотографија на инстаграм  на која позира на брод со црн костим за капење и големи очила за сонце на лицето, а на лежерната објава напиша и стихови од песната “Еве ме дома” од бендот Leut Magnetik.

“Еве ме дома, подобро сум одма…’, нема нервози, го одмарам мозокот, еве ме дома, дома сум со добра волја”, напиша Северина со објавата.  

Помеѓу пејачката и Милан Поповиќ инаку трае судски спор за тоа со кого нивниот син би требало да живее. Минатата година е донесена пресуда според која Александар би требал да живее со таткото, а пејачката може да го гледа во договорени термини. Освен поради детето Северина и претприемачот се најдоа на суд и поради приватната тужба на Милан за клеветата против нејзе и Будимир. Поранешниот пар минатата недела имаше рочиште на Општинскиот казнен суд во Загреб.

Северина наводно има проблеми и во бракот, а се погласни се озборувањата дека нејзината љубов со Игор Којиќ стигнала до крајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi