Шарлиз Терон (44) не сака повеќе да живее со мажи: Премногу сум стара за таква глупост

2 август, 20200
8dccbf21-bc87-4f0d-bace-9ceea8d163d3

44-годишната актерка која се раздели од своето последно долгогодишно момче Стјуарт Таунсенд пред една деценија го откри ова во интервју за „The Mirror“. „Не знам дали некогаш ќе можам да живеам со некого. Да бидам потполно искрена, можеби ќе мора да купат куќа до мене“, рече таа.

„Не знам дали некогаш ќе можам да се справам со тоа. Јас сум премногу стара за тоа срање“, рече добитничката на Оскар. Таа додаде дека воопшто не ѝ недостасува маж во нејзиниот живот. „Никогаш не се чувствувам осамено“, вели таа, откривајќи дека сè уште ужива да се дружи, но во никој случај не е за нов брак.

„Мојот живот во моментов не дозволува многу простор да се случи вакво нешто, нешто што е неверојатно тешко да се постигне дури и кога не си самохрана мајка“, рече актерката, објаснувајќи дека нема потреба од тоа.

Од 2001 до 2010 година, таа беше во врска со актерот Стјуарт Таунсенд, а од 2013 до 2015 година се забавувала со Сеан Пен, кој неодамна се ожени за својата трета сопруга.

Во интервју за британски таблоид, актерката ги негираше гласините дека сака да се омажи за Пен. “Тоа не е точно. Не, јас не сум се „омажила за Пен.” Тоа е срање. Ние излегувавме. Тоа беше сè што направивме. Дефинитивно бевме пар, но тоа беше едвај една година. Никогаш не сме живееле заедно. Никогаш не сум сакала да се омажам за него. Тоа не беше во план “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *