Шарлиз Терон е опасен суперхерој со новата улога во филмот „The Old Guard“

1 јуни, 20200
imageedit_58_6674832627

По успехот на нејзиниот филм „Bombshell“, славната глумица се враќа на екраните во улога на суперхерој.

Терон оваа година ќе игра во суперхеројскиот филм исполнет со акција, The Old Guard, кој од 10-ти јули ќе биде достапен на Нетфликс.

Станува збор за адаптација на стрипот на Грег Рука во кој група војници се предводени од жена по име Енди. Тие се всушност бесмртни и со векови работат како платеници, но откриваат дека во 21-виот век, не се единствените со ваква моќ.

Истовремено, тие се во опасност од непозната организација која со камера го снимила нивното „враќање од мртвите“.

Филмот е режиран од Џина Принц-Блајтвуд со главната улога на Шарлиз Терон, а уште глумат и Марван Кензари, Кики Лејн, Матијас Шонартс, Лука Маринели, Чиетел Еџиофор и Вероника Нго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *