Шер помогнала да се спаси „најосамениот слон на светот“: За животното отпатувала до другиот крај на светот!

2 декември, 2020
cher-2-830x0

Американската поп-ѕвезда Шер (74) му помогна на „најосамениот слон на светот“ да започне нов живот. Имено, слонот Каван сега е во специјализирано засолниште во Камбоџа откако беше спасен од мрачните услови во кои со години беше во пакистанската зоолошка градина. Лошата состојба на 36-годишниот слон, по потекло од Шри Ланка, предизвика желба да му помогне, а „бучавата“ особено ја кренаа друштвата за заштита на животните, кои започнаа кампања за негово спасување. Нивната цел ја поддржа и пејачката Шер, која откри сè преку социјалните мрежи, а потоа отпатува на другата страна на светот.


„Тој ќе биде навистина среќен тука“, рече таа. Ветеринарот кој помогна во транспортот рече: – Каван јадеше, не беше под стрес, дури и спиеше малку додека стоеше потпрен на ѕидот – рече тој. Транспортирањето на возрасен слон не е мал зафат и досега беше преземен само неколку пати, но за среќа сè помина добро и безбедно, а измачениот слон конечно ќе биде на посреќно место каде што ќе биде сит, искапен и слободно да се движи.

escort - Korsan taksi