Шест бои кои носат среќа, мир и просперитет: Мора да ги имате во вашиот дом!

7 мај, 20200
boi vo domot

Според техниката на фенг шуи за уредување на домови, овие бои се неопходни во вашиот дом.

Боите се многу важен елемент во уредувањето на домот, но не е само за естетика, туку и нивно влијание врз вашето расположение, емоции и благосостојба.

Одредени бои, се смета дека носат позитивна енергија во вашиот дом, поволно влијаат на вашето расположение, виталност, нивото на енергија, како и вашите финансии.

Жолта боја

Со внесување жолта боја во домот – внесувате топлина и спокојство во просторот, а според експертите за фенг шуи, таа ги стимулира менталните процеси и ја зајакнува интуицијата. Сепак, бидете внимателни со жолтата боја, бидејќи премногу од оваа боја може да ги умори очите и да создаде чувство на недостаток на енергија. При изборот на парчиња мебел или декорација со жолта боја, идеално место за нив е централниот дел на просторијата, тврдат експертите.

Зелена боја

Зелената е резервирана за успех, просперитет, раст и позитивни промени. Затоа, се препорачува да имате слики од пејзаж во вашиот стан, во вашиот работен простор sидовите или мебелот треба да бидат зелени, затоа што тоа носи успех и пари, а се претпочита и во кујната, бидејќи тоа е бојата на здравјето.

Сина боја

Сината е бојата на „новиот почеток“. Тоа симболизира добра комуникација со луѓето, ја зајакнува самодовербата, има позитивен ефект врз регулирање на апетитот, ве опушта и смирува. Како и со жолтата, треба да се внимава да не претерате со оваа боја, бидејќи може да има спротивен ефект ако премногу е присутна во просторијата.

Црвена боја

Црвената е “адреналин” боја – го крева нивото на енергија и ентузијазам и повикува на акција. Црвената е поврзана со оган, што според фенг шуи го симболизира доаѓањето на претстојните промени на подобро. Оваа боја во внатрешноста треба да биде присутна во мали количини и во детали, бидејќи е интензивна и многу моќна. Црвената исто така, симболизира успех и финансиска добивка и има позитивен ефект врз емоционалните / партнерските односи.

Виолетова боја

Виолетовата е боја на позитивна енергија, богатство и смиреност. Фенг Шуи препорачува мебелот или декорациите во виолетова боја да бидат поставени во најоддалечениот лев агол на куќата во однос на влезната врата. Ваквото поставување треба да ви донесе успех, спокојство, расположение, просперитет и финансиска благосостојба. Не се препорачува да имате виолетова боја во делот на станот каде што се одвиваат најголем број меѓучовечки интеракции, како што е дневната соба, затоа што може негативно да влијае на комуникацијата.

Портокалова боја

Портокаловата е боја на здравјето, а со тоа што ќе ја внесете во вашиот дом, внесувате топлина, радост и ентузијазам. Оваа боја, со нејзината енергична нијанса, ја зајакнува позитивната енергија и се користи за време на заздравување на луѓето, бидејќи се покажало дека има позитивни здравствени ефекти. Нажните нијанси на портокалова боја ќе обезбедат да донесете многу смеа, радост и позитивни мисли во домот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi