ШОК! РОБИ ВИЛИЈАМС ЗА МАЛКУ ЌЕ УМРЕШЕ! Популарниот пејач беше затруден од храна, а еве што јадеше СЕКОЈ ДЕН

17 декември, 2020
212938_robbi01_f

Англискиот пејач Роби Вилијамс ѝ откри на јавноста дека за малку ќе се соочеше со смртта благодарение на диетата која вклучуваше многу морски плодови, а која ја практикуваше долго време.

Имено, пејачот откри дека во еден момент имал толку високо ниво на жива во телото што можело да заврши фатално, пишува Mirror.

Лекарите му објасниле на Роби дека уживањето премногу да се консумира октопод, туна и лигњи, може да заврши лошо, бидејќи тие морски плодови биле полни со жива. Роби до ова откритие дошол со рутински тест на крвта.

Резултатите покажале нивоа на жива што може да се сметаат за токсични, а лекарите му објасниле на пејачот дека тој се изложува на ризик од болести на белите дробови и рак на кожата.

– Јадев морска храна двапати на ден и имав највисоко ниво на жива во моето тело што докторите некогаш го виделе. Се тестирав на жива затоа што сопругата е невротична околу тоа и прави секакви тестови. Во секој случај, благодарен сум на Бога, бидејќи можев да завршам мртов од труење со жива и арсен – рече Роби.

По овие откритија, Роби се врати на веганската исхрана, која првпат ја започна во 2017 година.

 „Ден откако ми го кажаа ова, се вратив на исхраната од растително потекло“, вели Роби.

Рибите, особено туната, сабјарката, скушата и остригите, содржат метил жива, што може да биде опасно во големи количини. Труењето со жива предизвикува метален вкус во устата, мускулна слабост и чувство на гадење и општа слабост, пишува Mirror.co.uk.

escort - Korsan taksi