ШОК: Тејлор Свифт тајно заплови во брачните води?!

12 декември, 2020
2020 CMT Music Awards, Show, Nashville, Tennessee, USA - 21 Oct 2020

По повод објавувањето на новиот албум, Тејлор објави фотографија на Instagram на која носи венчаница и веднаш предизвика гласини

Тејлор Свифт објави фотографија на која позира во венчаница на Instagram и веднаш предизвика гласини дека тајно го кажала судбоносното „да“. Имено, познатата пејачка објави фотографија по повод објавувањето на нејзиниот нов албум „Evermore“, но на нејзините обожаватели не им требаше многу време да почнат да шушкаат дека се омажи за актерот Џо Алвин, со кого е во врска од 2016 година.

Според британските медиуми, фустанот не е венчаница, туку креација на брендот Zimmermann која чини 2.650 долари.

Ова не е првпат Тејлор да предизвика шпекулации за брак со долгогодишното момче. Имено, таа во јануари годинава се појави во документарецот на Netflix „Miss Americana“ со огромен дијамантски прстен.