Шпанец одлучил да си ја прошета рибата и покрај наредбите на надлежните сите да останат во своите домови

12 мај, 20200
policiski cas

Шпанците сфатиле како да ги „надмудрат“ надлежните и да ја заобиколат наредбата да останат во нивните домови поради пандемијата на коронавирус, па затоа одат шетаат необични „миленичиња“, пренесува CNN.

Шпанската национална полиција во петокот објави слика на маж кој е казнет поради „шетање“ риба во чинија во Логроно, град во северна Шпанија.

Тој беше казнет за кршење на владините наредби да остане дома заради пандемијата на коронавирус.

Сепак, тој не е единствениот.

Шпанската цивилна гарда казни едно лице кое шеташе кокошка во Ланзарот на 25 март, а на 16 март на Твитер страницата на шпанската национална полиција беше објавено видео од маж како „шета“ играчка.

Полицискиот синдикат ги повика луѓето да не се обидуваат да ја измамат полицијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *