Што ги издаде? – Фотографија заради која обожавателите се сомневаат дека Бруклин Бекам и Никол Пелтс тајнно се венчале!

14 август, 2020
beckham-660x450

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин Бекам, наводно веќе се оженил за својата девојка Никол Пелтс, пренесува „Мирор“. Ви носиме фотографија што предизвика сомнеж кај многумина.

Двојката во моментов летува во Грција, а некои забележале златен прстен на прстот на Бруклин кој наликува на венчален прстен.

Тие ја објавија својата свршувачка минатиот месец, што ги шокираше многумина. Бруклин (21) и 25-годишната Никол се венчале по само осум месеци забавување.

Двојката е среќна, како што може да се види на нивните неодамнешни објавувања на социјалните медиуми. Бруклин се нарекува најсреќен човек на Светот заедно со неговата избраничка.

Никол објавила фотографија на која напишала „babe b“ што некои го протолкуваа тоа како најава за нејзината бременост.

Бруклин отсекогаш сакал да се ожени за млад. Неговите родители, Дејвид и Викторија Бекам, се венчаа по само шест месеци врска.