Што јаде Амал Клуни за да ја одржи витката линија: Еве како изгледа нејзиното мени!

16 ноември, 2020
profimedia-0374191008


Амал Клуни е една од жените на која се чини дека има сѐ: неверојатна кариера како адвокат за човекови права, најпосакуваниот ерген за сопруг и две прекрасни деца, тригодишните близнаци Александар и Ела. Амал има нешто друго за што и завидуваат многу жени, а тоа е витката фигура на супермодел. Што и да облече, изгледа совршено. Па, што има на менито на оваа 42-годишна дама за да успее да не добие ни грам?

Појадок Амал сака супер здрав појадок, па наутро обично јаде супа од алги, која е богата со минерали, а понекогаш сака да се почести со варени јајца. Исто така, за почетокот на денот и одговара риба подготвена на медитерански начин. На нејзиното мени нема да најдете снегулки полни со шеќер.

Amal Kluni


Ручек

Амал ретко дава интервјуа, но за „Вог 2018“ откри кои се нејзините омилени јадења за време на ручекот. – Амал ме однесе во кујната каде што нејзиниот готвач подготвуваше ручек. Имаше шпагети со мисирка, пилешки гради, салата и сос од лимон – напиша новинарот во едно интервју.

Pasta

Вечера

Изборот за вечера е обично индиска кујна, суши или италијанска храна.

Закуски

Во интервју за Вог 2018, Амал откри што сака да грицка помеѓу оброците, особено додека гледа филм во домашно кино. Како и секое кино, и нивното има автомат за слатки и машина за пуканки. Пуканките и се омилени избори, бидејќи не содржат глутен. – Џорџ доаѓа овде да го монтира филмот што го снима, а јас се прикрадувам и „крадам“ пуканки – рече таа.

Kokice
escort - Korsan taksi