„ШТО МУ СЕ СЛУЧИЛО НА ТВОЕТО ЛИЦЕ, ПОВЕЌЕ НЕ ЛИЧИШ НА СЕБЕ!“ Мадона направи ШОК со своето ново селфи, фановите повеќе не ја препознаваат (ФОТО)

24 ноември, 2020
2387551_profimedia0341551074_ls

Кралицата на поп-музиката, Мадона, не престанува да ги шокира своите обожаватели со фотографии на Instagram.

Имено, многумина коментираат дека Мадона претерала со филтри, а исто така шпекулираат дали станува збор за пластична хирургија и ботокс.

Сепак, не е тајна дека пејачката се менувала со текот на годините на начин за кој не може да се каже дека е природен.

Таа сега објави фотографија на Instagram поради која наиде на бројни негативни коментари.

„Повеќе не личиш на Мадона“, „Што се случи со твоето лице?“, „Премногу пластична операција“, „О Боже, те сакам, но исто така те молам престани“, „О, не“, ја коментира фотографијата на легендарната пејачка која слични реакции предизвика и претходната слична слика.