Што се случи со лицето на Мадона?

28 август, 2020
Annotation 2020-08-27 225556

Нејзините обожаватели деновиве се многу позагрижени за фотографиите во кои се чини дека пејачката доаѓа од некоја друга димензија!

Во текот на својата кариера, Мадона отсекогаш лансирала нови трендови, провоцирала и играла со стандардите за убавина. Сепак, се чини дека на 62-годишна возраст, нејзините модни „егзибиции“ имаат сосема поинаков ефект.

Мадона неодамна го прослави својот 62-ри роденден со голема, жешка забава на Јамајка, и ги разбранува социјалните мрежи со фотографија во која се части со џоинт.

Сепак, нејзините обожаватели деновиве се многу позагрижени за фотографиите во кои се чини дека пејачката доаѓа од друга димензија.

Нејзиното лице е толку затегнато, што образите и се поизразени од кога било, нејзините сини очи се закосени и издолжени, а усните и смениле форма.

„Отсекогаш бев фасцинирана од убавината на азиските жени“, рече еднаш Мадона, но никој не очекуваше таа да се обиде да се претвори во една од нив… И претера толку многу што сега изгледа како да се бори да трепне и едвај ја отвара устата.

Следбениците на Мадона не се многу воодушевени во врска со оваа промена, некои веќе ја гледаат нејзината иднина во славниот „музеј на восочни фигури“, а малку е веројатно дека таа ќе биде заслужена доколку источниот стил се врати како пример за убавина.

Кралицата на поп музиката, сепак, не е особено потресена од лошите коментари, ниту пак отстапува од нејзиниот пат – мистериозно се насмевнува со закосените очи додека позира во ново кимоно, оставајќи ги фановите да претпостават колку далеку е подготвена да оди за вечна младост.