Што се случува кога светлата ќе се изгаснат? Совршениот живот на оваа пејачка е всушност далеку од совршен!

29 јуни, 20200
wenn36775993

Родена е во 1981 година во Мисисипи, како средно дете на Ирина и Џејмс.
Таа ја покажала својата љубов кон музиката на возраст од само три години, кога нејзината мајка ја запишала на часови по танц. Талентот бил невиден, па наскоро започнала да изведува соло-точки, а првиот пејачки перформанс го имала на петгодишна возраст на една приредба.


Кога имала 8 години, со нејзината мајка, заминала во Атланта на тогашниот популарен натпревар за телевизиската емисија „Мики Маус клуб“. Иако беше одбиена затоа што е премногу млада, нејзиниот талент го забележала Ненси Карсон, ловец на таленти, и предложила да се запише во уметничко училиште во Њујорк. Првата можност ја доби во мјузиклот „Ruthless!“, исто така започна да се појавува и во бројни реклами. Во 1992 година, таа повторно се најде на аудиција за „Мики Маус клуб“ и овој пат беше прифатена. Откако четири години подоцна снимањето се завшри, таа се врати во Мисисипи.


Во 1999 година, нејзиниот прв албум беше објавен и постигна огромен успех.
Само три месеци по објавувањето на албумот, Бритни позираше за насловната страница на Ролинг Стоунс, кадешто лежи на креветот облечена само во градник. Поради оваа постапка, таа предизвика револт кај многумина.


Таа прво се омажи за нејзиниот пријател од детството Џејсон во Лас Вегас во 2004 година, но само 55 часа подоцна сфатила дека станува збор за огромна грешка и бракот беше поништен.
Набргу потоа, таа стапи во врска со танчерот Кевин Федерлин, кој беше пријател на нејзиното поранешно момче, Џастин Тимберлејк, а многумина тврдеа дека тоа е само нејзина одмазда. Во секој случај, Кевин ја остави тогашната девојка, бремена со своето второ дете, само за да биде со Бритни. Наскоро се верија, а потоа се венчаа на 18.09.2004 година.

Во 2005 година, беше објавено дека го очекуваат своето прво дете. Нивниот приватен живот се одвиваше пред јавноста благодарение на реалното шоу „Бритни и Кевин: Хаотично“. Набрзо потоа, на свет дојде и нивниот втор син.


Семејната идила траела само два месеци, кога пејачката откри дека поднела барање за развод, наведувајќи непомирливи разлики како причина за пропаѓање на бракот. „Мислам дека се омажив од погрешни причини. Наместо да го следам срцето и да правам тоа што навистина ме прави среќна, го сторив тоа, не знам, претпоставувам, бидејќи другите тоа го сакаа“. Двојката се најде во ужасна бракоразводна парница, а Бритни пронајде утеха во излегувањата и дружењата со Парис Хилтон. Во меѓувреме, таа се пријавила во центарот за рехабилитација, но поради нејзиното однесување, старателството му припадна на нејзиниот поранешен сопруг. Покрај старателството, тој забранил целосно да ги види нејзините синови. Сето ова доведе до голем јавен скандал за кој се зборува и денес. Бритни отиде во најблискиот фризерски салон и ја избричи главата пред собраните папараци.

View this post on Instagram

So this just happened… 😩😞😭

A post shared by Angel Cantú (@angelcnr) on


Многумина не веруваа дека оваа поп принцеза ќе се врати на врвот, но таа успеа. Во интервју за Мари Клер во 2016 година, таа призна дека минала низ тешки периоди во минатото и дека мајчинството ѝ помогнало да се извлече од сè, посилна од било кога.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi