Сиа откри дека минатата година посвоила двајца тинејџери од дом!

21 мај, 20200
сиа

Сиа деновиве објави многу возбудливи семејни вести. Австралиската пејачка откри дека минатата година од САД посвоила две млади момчиња кои биле во поодмината возраст за посвојување.

Таа во едно интервју споделила дека момчињата имале по 18 години кога ги посвоила.

– Всушност јас посвоив два сина минатата година. И двајцата имаат 19 години сега. Го поминаа возрасниот лимит за згрижување во дом. Ги сакам!

Кога била прашана како се справуваат сега за време на пандемијата, таа одговорила:

– И на двајцата им е тешко, некому повеќе, некому помалку, но и двајцата прават работи што се добри за нив во моментов, работи кои им се од корист. Нависитина работат многу едукативни работи и тоа е супер за нив.

Пејачката која не сака да си го покажува лицето, несебично го покажала срцето, па така таа сега е мајка на два сина.

Честитки за неа!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *