Силвестер Сталоне искешира неверојатни 29.000 евра за нов дом недалеку од имотот на Трамп во Флорида (ФОТО)

18 декември, 2020
1371937

Додека многу познати личности ги продаваат своите имоти, оскаровецот Силвестер Сталоне одлучи да купи еден. Холивудскиот актер и неговото семејство решија да се преселат на Палм Бич, а окото беше свртено кон луксузен имот за кој ја стави раката длабоко во џебот и искешира вртоглава сума

Холивудскиот акционен херој Силвестер Сталоне не штеди кога станува збор за недвижнините. Омилениот актер одлучи да потроши дел од стекнатото богатство на импресивен имот во популарно место за собирање на богати и славни, во Палм Бич, Флорида.

Славниот Роки уплати неверојатни 29.000 евра за овој импресивен имот веднаш до морето, во кој планира да се пресели со сопругата, поранешната манекенка Џенифер Флавин и нивните три ќерки Скарлет Роуз Сталоне, Систин Роуз Сталоне и Софија Роуз Сталоне.

Луксузната вила е завршена во 2014 година и е дизајнирана да гледа кон морето и да го заштити грбот од љубопитните погледи. Во внатрешноста на пространата вила од 1230 квадратни метри има седум спални соби и бројни социјални соби, секоја украсена со голема француска врата со поглед кон океанот.

Вилата се состои од два одделни дела, а другиот дел е всушност куќа за гости што гледа директно во базенот. Сталоне се последните кои запленија имот во округот Палм Бич, а нивни соседи ќе бидат голем број на познати имиња, вклучувајќи ги рокерите Џон Бон Џови и Род Стјуарт, радио и телевизискиот водител Хауард Стерн и наскоро бившиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.