СИМПАТИЧНА АНЕГДОТА КОЈА МНОГУМИНА ЈА ЗАБОРАВИЈА: Дајана го прекршила протоколот поради Вилијам и Хари – и беше УРНЕБЕСНО

28 април, 2020
Naslovna

Токму поради тоа „обичниот свет“ ја обожаваше.

Покојната Лејди Ди до денес остана најомилената членка на британското кралско семејство, и покрај бројните скандали околу неа.

Поранешната сопруга на принцот Чарлс и мајката на принцот Вилијам и Хари секогаш и одело од рака да им се приближи на луѓето и скоро секој можеше да се идентификува со неа, дури и кога ги носеше најскапите парчиња и накит и мавташе од балконот на палатата.

Една од нејзините тајни беше дека таа премногу копнееше да биде „обична“ и на овој принцип ги одгледувала своите синови, па така се раскажува приказната за нејзиното инсистирање нејзините деца да чекаат во ред согласно со своите врсници  за тие да се сликаат со Дедо Мраз. Соодветно на тоа, не беше дозволено да пропушти некои од забавните родителски активности во училиштето каде присуствуваа принцовите.

Така, беше забележано дека принцезата Дајана го прекршила протоколот барем во два наврати за да ги одржи своите синови среќни и да не се чувствува исклучени во однос на другите деца. Овој пат, поводот беше Денот на мајката за Ден на спортот во нивното училиште, забавна и хумористична традиција на која Лејди Ди едноставно не можеше да одолее, иако не е вообичаено да се види член на кралското семејство да се натпреварува со оние кои не се со „сина крв“.

Таа за прв пат учествуваше во трката во 1989 година додека Вилијам одеше во ова училиште, заземајќи одлично трето место.

Потоа, таа повторно ја проба среќата во 1991 година, кога учествуваа мајките од другарите на Хари, но таа не се пласира на високо место, иако снимките покажуваат дека дала се од себе за да го обезбеди најдобриот можен резултат – и тоа во здолниште и блејзер!