Синот на Бон Џови е негова копија!

8 мај, 2020
бон џови

Изреката “Јаболкото не паѓа далеку од стеблото” очигледно важи за музичарот Џон Бон Џови и неговиот втор син Џејк. Иако Бон Џови има 4 деца, се чини дека токму 18 годишниот Џејк е слика и прилика на својот татко.

Слика и прилика на тато

Џејкоб Харли е второто дете во семејството на Џон. Освен него, тука се и неговиот постар брат Џеси, помладиот брат Ромео и сестрата Стефани. Иако имал неколку обиди во манекенските води, Џејкоб нема никакви амбиции да биде дел од шоубизнисот.

Наместо музичка, академска кариера

Тој ќе биде студент на престижниот Syracuse University иако засега не е познато што точно ќе студира. Тој се надева дека еден ден ќе стане и доктор на науки.

View this post on Instagram

And they said it was impossible

A post shared by jakebongiovi (@jakebongiovi) on

“Јас сум сега Хрват”

Минатото лето овој млад човек бил во посета на Хрватска заедно со семејството на нивната луксузна 60 метарска јахта.

За разлика од татка си кој не објавувал каде летува, младиот Џејк цело време ги споделувал доживувањата од патувањето. А дека бил воодушевен од одморот се покажало и со неговата изјава “Јас сум сега Хрват” , која ја напишал заедно со фотографија од Хвар.

View this post on Instagram

I’m a @croatia local now

A post shared by jakebongiovi (@jakebongiovi) on