Синот на Шварценегер се „БИЛДА“ како тато некогаш: „Вие сте како јајце на јајце“

15 септември, 2020
pjimage-5

Џозеф го доби Арнолд со неговата поранешна куќна помошничка, Пети Баен. Следуваше скандал и повлекување по медиумите, како и развод на славниот силен човек, но тој не се откажа од вонбрачниот син.

Синот на Арнолд Шварценегер, 72, Џозеф Баен, 22, е боди-билдер како неговиот татко, а обожавателите на Арнолд не можат да не се изначудат колку неговиот вонбрачен син личи на славниот татко, акциона sвезда и поранешен гувернер на Калифорнија.

Тоа е невообичаена приказна за блискост затоа што, како што раскажа самиот Шварценегер, тој не знаеше дека тоа е неговиот син се додека Џозеф не наполни седум години и почна сè повеќе да личи на својот татко, па Арнолд ги „намести коцките“. Имено, тој го добил Џозеф со неговата поранешна куќна помошничка, Пети Баен.

Баен и поранешната сопруга на Шварценегер, Мари Шрајвер (64), со која има четири деца, беа бремени во исто време, а целата работа не можеше да се крие долго. Шрајвер поднесе барање за развод, проследен со скандал и повлекување низ медиумите за време на кое силниот човек се посипува со пепел, но исто така рече дека го сака својот вонбрачен син и дека тајно плаќал алиментација откако дознал дека Џозеф е негов син.

„Најмалку сум горд на овој чин што го уништи моето семејство, но ги сакам сите мои деца“, искрено рече тој.

Четирите деца на Арнолд од бракот со Марија Шрајвер, наводно, не се во контакт со Џозеф Баен, вонбрачниот син на Шварценегер, но тој ужива да поминува време со неговиот наследник, а неспорно е дека Баен крајно потсетува на младиот Арнолд.