„Сирота Сури – нејзината мајка се забавува со своето ново момче, а татко ѝ не ја доживува“

28 ноември, 2020
profimedia-0569594615

Не го видела својот татко осум години

„Сирота Сури, нејзината мајка се забавува со своето ново момче, а татко ѝ не ја видел со години. Јасно е дека таа минуваше сè повеќе време сама во последните месеци “, коментираат на последните фотографии на 14-годишната Сури Круз. Ќерката на актерите Том Круз и Кети Холмс е снимена пред неколку дена како игра сама, односно со миленичиња на четири нозе, на улиците во Њу Јорк. Фотографиите уште еднаш потврдија дека Сури се повеќе личи на мајка си Кети.

Иако двајцата имаат одлична врска, во последно време 41-годишната Холмс може почесто да се гледа со своето момче, осум години помладиот, готвачот Емилио Витоло. Сури осум години не го видела својот татко, 58-годишниот Круз, а според последните написи на странски портали, актерот се чини е подготвен на повторна средба. Тој, наводно, го одложил ова поради забраната за саентолошката црква, чијшто приврзаник бил. Упатените тврдат дека ако детето е одгледано во друга религија по разводот, родителот скиентолог повеќе не треба да има контакт со него.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris -
instagram takipçi hilesi