Сите гледаа во Џорџина Родригез на доделувањето на Фудбалските награди во Дубаи
27 декември, 2020
Кристијано Роналдо беше прогласен за најдобар играч на векот во Дубаи. Фудбалерот пристигна на доделувањето на Globe Soccer Awards со својата свршеница Џорџина Родригез, а убавата Шпанка го засени својот вереник и ги остави сите присутни без здив.
Џорџина носеше црвен фустан на доделувањето на наградите кој ги откриваше нејзините нозе и деколте, а се чини дека повеќето фотографи ја бркаа само неа. Роналдо ја усклади бојата на вратоврската со бојата на нејзиниот фустан.
Семејството на Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во Дубаи, а престојот го искористија за краток одмор.