Сите го исмеваат култниот хит и љубовта на Мараја кон Божиќ, но зад сето тоа стои тажна приказна

27 ноември, 2020
maraja-keri-830x0 (1)

– Знам дека е како, ха, ха таа го сака Божиќ, но јас навистина го сакам. Знам дека ме исмеваат, но тоа е во ред – рече пејачката

Американската пејачка Мараја Кери (50) се прослави со песната „All I Want For Christmas Is You“ и е голем љубител на Божиќ и празници, иако многумина ја исмеваат за тоа.

Многу луѓе ја исмеваат за нејзината голема љубов кон Божиќ, но таа во едно неодамнешно интервју изјави:

– Знам дека е како, ха, ха таа го сака Божиќ, но јас навистина го сакам. Знам дека ме исмеваат, но тоа е во ред – рече пејачката.

Таа откри дека нејзината опсесија со Божиќните празници потекнува од нејзините тажни детски денови кога можела само да сонува за Божиќ. Таа сега во разговор со моделот Наоми Кембел во нејзиниот подкаст „No Filter With Naomi“ рече:

– Бев тажно дете кое сакаше Божиќ да биде прекрасен. Сакав вистинско семејство кое се грижи за мене, а не да ја уништува таа грижа а тие ја уништуваа од година во година – призна славната пејачка.

Нејзиниот хит „All I Want For Christmas Is You“ минатата година за прв пат се најде на врвот на Билборд топ листите, правејќи ја да се чувствува пријатно.

– Погледнав во елката и почувствував мир. Тоа беше неверојатен момент за мене. Меѓу сите млади музичари, моќта на мојата песна успеа да се пробие. Со години, таа песна беше на врвот на многу топ листи, но јас не бев фокусирана на тоа, но моите обожаватели, најдобрите луѓе во Светот, ми го овозможија тоа – заклучи таа.

Таа додаде дека пишувањето божиќни песни секогаш го разбирала како посебно уживање и задоволство, а не како обврска. Таа неодамна објави мемоар во кој пишуваше за тешкото детство и откри дека членовите на семејството се однесувале кон неа на ужасен начин.

Денес таа е мајка на близнаци кои ги доби со актерот Ник Кенон, од кого се разведе во 2016 година.