СИТЕ ЈА ЗУМИРАААТ ФОТОГРАФИЈАТА НА ИНТИМНИОТ ДЕЛ! Кендал Џенер го „запали“ Инстаграм (ФОТО)

4 септември, 2020
kendal-dzener-830x0

Кендал важи за една од најбараните модели

Една од најплатените модели на денешницата, Кендал Џенер (24) се пофали со своето секси тело, но за малку не покажа повеќе отколку што би требало.

Кендал позираше во огледало, во бикини со цвеќиња, а долниот дел од костимот за капење ја помести настрана, за да може да се забележи бела трага.

Имено, нејзините следбеници на Инстаграм забележаа дека бикинито не е баш таму каде што треба, па сите масовно ја зумираат фотографијата на манекенката на незгодното место.

Кендал доби бројни комплименти за изгледот, а за два часа фотографијата собра повеќе од 4 милиони лајкови, но покрај секси телото, огромно внимание привлече и пределот во близина на долниот дел од бикинито.

Манекенката го истакна тесниот струк, заносните облини, со кои, како и нејзините сестри, може да се пофали. Кендал ужива на езеро со своите пријатели, но и на одморот и тоа како знае како да ја интригира јавноста.

Погледнете како Кендал за малку не го покажа меѓуножјето, но и неколку попровокативни нејзини фотографии во галеријата подолу: