Сите се прашуваат дали нејзиниот сопруг воопшто постои: Тие се во брак 50 години, а таа никогаш не го покажа на јавноста!

1 ноември, 2020
2д

Доли Партон и Карл Дин се во брак од 1966 година, а во текот на целата нејзина кариера тој никогаш не се појавувал во јавноста со пејачката. Сега таа објасни зошто е тоа така.

Легендарната пејачка Доли Партон (74) е во брак со Карл Дин од 1966 година, но луѓето сепак понекогаш ја прашуваат дали нејзиниот сопруг воопшто постои, со оглед на фактот дека таа не се појавува во јавноста со него.

“Многумина низ годините мислеа дека го измислив сопругот затоа што тој воопшто не сака да биде во центарот на вниманието. Тој е таков, мислеше дека никогаш нема да има мир ако се открие во медиумите”, рече Партон.

Таа додава дека тоа многу им помогнало во бракот и затоа и денес функционираат одлично.

“Јас секогаш ја почитував неговата одлука. Тој еднаш ми рече дека јас го избрав тој свет, но тој ме избра мене и можеме да го чуваме нашиот брак надвор од медиумите. И навистина е така. Ние сме заедно 56 години, а во брак сме 54 години”, рече таа.


Таа исто така верува како нејзината кариера многу им помогнала да ја одржат нивната љубов. Патуваше цело време и тие не беа цело време заедно, што, според неа, е одлично затоа што никогаш не им здодеало.

Во мај 2016 година, парот ги обнови своите завети на 50-годишнината од брак. Претходно, таа рече дека нејзиниот сопруг бил само еднаш на нејзиниот концерт во целата нејзина завидна кариера. И покрај сè, тие се уште се заљубени, а деталите од бракот не сакаат да ги откриваат во јавноста.

Во неколку интервјуа годинава, Партон истакна дека никогаш не планира да се повлече од светот на музиката и дека сака повторно да се соблече за Плејбој за нејзиниот 75-ти роденден. „Јас веќе се фотографирав за насловната страна на Плејбој пред неколку години и мислам дека би било одлично ако тие се согласат да го направиме тоа повторно”, рече Партон.

escort - Korsan taksi