Скалите наречени “мистерија” ги правел Масон или Светец?

13 јуни, 20200
media_libimagesfeatured-5ce6c7bad2951-1024x682

Капелата Лорето, сместена во градот Санта Фе, во американската држава Ново Мексико, е изградена во 1873 година и крие нерешена мистерија – скалила за кои е неразбирливо како воопшто може да се користат.

Скалите, всушност, немаат средна поддршка и што би рекле статичките инженери „се носат себе си“. Друг интригантен факт е материјалот од кој се направени. Тоа е дрво кое не постои илјадници километри наоколу. И третата работа што е интересна е што не се знае кој ги направил овие скалила.

Не може да се провлече ни фактот дека има 33 степеници, а познато е дека манасторот и нивната насонерија имат 33 степени на мајстори.

Легендата вели дека, откако била изградена капелата кон крајот на 19 век, монахињите забележале дека скалилата што водат кон галеријата се исчезнати. Според легендтата, тие поминале девет дена во молеле за Свети Јосиф да им помогне, затоа што тој бил заштитник на столарите…

На последниот ден на молитва, еден странец тропнал на нивната врата и им рекол дека е столар, кој може да помогне да се направат скалите. Тој конструирал скалила, за кои може да се каже дека се врв на столаријата.

Никој не можеше да разбере како скалилата можат да се држат, кога немаат централен, носечки столб.

Столарот, кој не користел никакви клинци, шрафови или лепак за да ги состави, исчезнал кога ја завршил работата, без да земе пари. Оттогаш, во Санта Фе се мисли дека столарот бил самиот Свети Јосиф, а скалите станале место за аџилак.

Патем, капелата има 250.000 посетители годишно, кои доаѓаат да го видат ова архитектонско чудо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi