СКАНДАЛ: Кајли Џенер остана без титулата најмлад милијардер во светот! Изречени ѝ се сериозни обвиненија

30 мај, 2020
kajli

Според „Форбс“, Кајли Џенер повеќе не е најмладата милијардерка во светот.

Кајли Џенер остана без титулата најмлад милијардер во светот, откако наводно ги фалсификувала податоците за нејзиното богатство, пренесува Дејли Меил.

Имено, 22-годишната Кајли е обвинета во најновиот извештај на „Форбс“ дека лажела за стекнатото богатство и дека фалсификувала даночни пријави за да ја зголеми нејзината нето вредност.

Минатата година, овој реномиран деловен магазин ја прогласи за најмлад милијардер во светот, кој своето богатство го стекна самостојно, благодарение на продажбата на сопствената линија на шминка и козметички производи, Кајли Козметика.

„Форбс верува дека Кајли Џенер, дури и откако заработила околу 340 милиони долари по исплата на данок на продажба, не е милијардер“,  во нивниот последен извештај стои дека таа се обвинува дека лаже за податоците на компанијата и фалсификувала даночни пријави за да се здобијат со статус на милијардер.

Џенер се огласи на Твитер, велејќи дека се работи за „неточни изјави и непроверени претпоставки“. „Никогаш не барав титула ниту се обидов да лажам на патот кон тоа“, напиша таа.