Слава и скандали : Љубовната приказна на Дејвид и Викторија Бекам

26 јули, 20200
Annotation 2020-07-26 190620

Дејвид и Викторија Бекам важат за еден од најпопуларните парови на планетата. Во брак се повеќе од дваесет години, а нивната љубовна приказна асоцира на едно добро филмско сценарио. Во периодот кога се запознале Дејвид веќе беше успешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, а Викторија беше член на групата Спајс грлс.

“Ако не ми се јавиш, следен пат ке те удрам по незгодно место”, му се заканувала Викторија Адамс на срамежливиот Дејвид Бекам, мафтајќи му додека во 1977 година ги напуштала клупските простории на стадионот на Манчестер Јунајтед. Тоа беше втор пат, Викторија да присуствува на негов натпревар. Првиот пат Бекам пропушти прилика да и го земе телефонскиот број, но овој пат Викторија заедно со нејзиниот менаџер по натпреварот отишла во ВИП салонот и средбата со Дејвид била неизбежна. Сепак, нивното запознавање не беше сосема романтичен момент.

Како што странските медиуми своевремено пишуваа, поп гуруто Фулер видел во Викторија голем потенцијал и едноставно и наредил да пронајде некој многу славен и успешен.

” Те гледам со некој многу познат, мислам дека  некој славен фудбалер е тоа што ти треба во овој момент.”

Иако била скептична према фудбалерите бидејќи нивното пренамагање и било одбивно, гладта  за слава преовладала. Сакала да биде , како што еднаш и сама им признала на новинарите, славна како ” Персил за перење алишта”.

Фулер не требаше предолго да размислува и да вложува премногу труд за да го намами најперспективниот фудбалер на Манчестер Јунајтед во прегратките на жената која наскоро ќе стане негова сопруга.

Слабото познавање за фудбал, Викторија  вешто го сокри со тоа што опуштено го пофалила Бекам:” Одлична игра, Дејвид”, на што тој и одговорил : ” Драго ми е што уживаше, Викторија”.

Пристојно изговорената реченица го стопила нејзиниот тврд став и таа посакала повторно да се сретне со фудбалерот. А и тој бил исто така шармиран од нејзиното убаво однесување.

На крајот на краиштата, убавата пејачка се заљуби во него неколку месеци пред средбата во живо. Тој најпрво ја забележал кога гледал телевизија во хотелска соба додека гледал видео за песната “Say You’ll Be There” на МТВ.

Во него, Спајсиците, во тесни комбинезони, опкружени со футуристичка сценографија, бараат ладно оружје, ја пеат нивната песна, а Дејвид кратко коментираше: -Навистина ми се допаѓа онаа во црниот комбинезон со боб фризура – Секако тоа беше Викторија. Тој дури отиде дотаму што на сестра си и нареди да го гледа шоуто „Smash Hits“ за да го дознае презимето на Викторија и нејзините омилени лондонски клубови.

На првото излегување се возеле во нејзиниот нов кабриолет и вечерале во кинески ресторан во предградието на Лондон. Прв пат се бакнле во уште помалку романтично опкружување – на јавен паркинг во Лондон. Наскоро многу се заљубија. Дејвид на колена ја запроси во Rookery Hall хотелот. Меѓутоа прстенот заблескал на раката на Викторија неколку дена покасно.

“Бевме возбудени како деца”, се присетува Викторија на тој важен момент.

Викторија и Бекам денес имаат четири деца и важат за еден од најскладните парови во Холивуд.

Во бракот сепак имало и кавги.

Некогаш се шпекулираше дека Дејвид ја изневерил Викторија со неговата лична асистентка Ребека Лус. Паметна и згодна, уште од првиот момент го опсипуваше својот нов шеф со вниманието што му фалеше толку многу и од ден на ден се повеќе се замаглуваше линијата меѓу деловните и приватните односи. Тие за прв пат биле фатени од фотографите на 18 септември 2003 година во ноќниот клуб „Ананда“ во Мадрид. По објавените фотографии на кои Ребека и Дејвид разговараат како интимни пријатели, Бекамови итно издадоа соопштение за печатот во кое негираат какви било проблеми во бракот. Сепак, многу подоцна, кога аферата веќе беше на својот врв, се дозна дека истата вечер Давид и Ребека го напуштиле клубот заедно и се упатиле кон неговиот апартман во хотелот „Санта Мауро“. Викторија и се закани на Ребека. Неколку часа подоцна таа го напушти неговиот апартман. Следната вечер повторно се сретнаа во барот. Сведоците тврдеа дека цела вечер ги допирале нозете под масата, а после вечерата се вратиле во хотелот. Неколку дена подоцна нивната врска повеќе не беше тајна.

Викторија подоцна и се заканила на Ребека и, според изворот, не сакала да се откаже од бракот со Бекам. Во големото интервју што го дадоа заедно во 2011 година за списанието „W“, Викторија за прв пат зборуваше за Ребека, изјавувајќи дека аферата на Бекам со неа само го зајакнала нивниот брак.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *