Славни и полупарни кои како деца биле посвоени и злоставувани

28 мај, 20200
28e772190432ab3eac0d

Многу ѕвезди во детството изгубиле еден или двата родители поради што биле посвоени од други семејства. Психолозите истакнуваат дека лицата кои детството го поминале во домови или посвоени семејства често не успеваат во животот но тоа и не е баш така. Во продолжение ви достабваме писок со славни луѓе кои биле посвоени како деца но и за жал некои биле и злоставувани.

Стив Џобс

Билолошките родители на Стив биле Абдулфатах Џандали и Џоан Шибле. Неговиот татко бил со потекло од Сирија и бил син на милионер, додека неговата мајка била католик од Висконсин. Родителите на Џоан се противеле на нејзината врска со муслиман, а откако таа затруднела решила да го даде детето на посвојување. Стив бил посвоен од Пол Џобс и Клара Хгопиан кои биле калвинисти, а Пол бил алкохоличар кој знаел да биде и агресивен.

Џон Ленон

Животната приказна на Ленон е комплицирана од самиот почеток па се до крајот. Тој е роден во 1940 година, а биoлошки родители му се Џулиа Стенли и Алфред Ленон. Татко му бил морски трговец кој работел далеку од дома и не присуствувал на раѓањето на Џон. А до 1944 година почесто се враќал дома после што заминал на подолго време. Но кога се вратил после шест месеци Џулиа била трудна од друг маж. Нејзината сестра Мими го превзела старателството врз Џон кој после тоа не го видел својот татко во период од 20 години.

Мерилин Монро

Кога Гладис, мајката на Мерилин имала 15 години се омажила за маж постар 10 години од неа и имале 2 деца. Откако се развеле таткото ги одвел двете деца во Кентаки. Глдис после тоа повторно затруднела со Мерилин, односо Норма Џин (нејзинотот вистинско име), но идентитетот на нејзиниот татко никогаш не се дознал. Откако на мајка и и била дијагнозирана шизофренија тмалото девојче била доделена на грижа на државата.

Бил Клинтон

Биолошкиот татко на Бил бил Вилијам Јеферсон Блут Џуниор, трговски патник кој погинал во сообраќајна несреќа три месеци пред да се роди, а негова мајка била Вирџинија Кесиди. Таа отксако се породила решила да учи за медицинка сестра па Бил го дала на своите родители да се грижат. Во 1950 година Вирџинија се вратила од студии и се омажила за Роџер Клинтон, а бил почнал да го користи презимето на својот очув кој бил алкохоличар и често агресивен.

Нелсон Мандела

Неговиот татко починал од воспаление на градите кога Нелсон имам само 9 години и потоа бил пораснат од страна на племенскиот поглавар Џонгинтаба Далиндуебо и неговото семејство. Мандела секогаш сметал дека бунтовноста ја има наследено од својот татко но и неговата праведност. Мндела пораснал со две сестри во селото Квун, каде чувал стада стока и поминувал многу време на отворено со другите деца.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *