СЛАВНИОТ АКТЕР ДЕНЕС СЛАВИ РОДЕНДЕН: Ален Делон беше и останува симбол на машката убавина, а на неговата лулка беше напишано ОВА!

8 ноември, 2020
alen delon_1000x0

Тој е подготвен да го напушти овој свет и нема да му биде жал.

Најголемиот француски актер и еден од најубавите мажи на сите времиња, Ален Делон, е роден на 8 ноември 1935 година, а оваа година полни 85 години.

Идолот на нашите мајки и баби стана светска сензација поради неговата харизма и безобразна убавина, но тој тврди дека не бил среќен во животот.

– Јас сум програмиран да бидам успешен, но не и среќен. Тоа не оди заедно – рече Ален, кој има глумено во повеќе од 100 филмови на големи француски и светски режисери.

Откри дека е уморен од славата затоа што не може да живее како другите луѓе и да има своја приватност. Тој вели дека црпел мотивација од жените да бидат тоа што е, а се забавувал со најубавите жени на светот.

Роми Шнајдер, Миреј Дарк, Натали Делон и Розали ван Бремен, се само дел од убавиците со кои се дружел, а имал четири деца од неколку врски, додека официјално бил во брак со Натали Делон само од 1964 до 1969 година.

Продуцент на околу 30 играни филмови, бизнисмен, колекционер на уметнички дела, харизматичен актер со арогантна привлечност, човек чија кариера трае цели 63 години, ги остави и жените и мажите без здив благодарение на неговите улоги.

Во 1957 година, тој се појави во првиот филм, додека со улогата на Роко во филмот од 1960 година „Роко и неговите браќа“ од Лучино Висконти, стана светски познат актер.

Иако во 1999 година објави дека повеќе нема да глуми, тој се појави во неколку телевизиски серии, а покрај неговите улоги, тој остана запаметен и по неговиот дует со Далида „Paroles, paroles“.

На почетокот на 2018 година, Ален истакна дека е подготвен да го напушти овој свет.

– Го мразам времето во кое живееме, ми се гади од тоа. Постојат луѓе што ги мразам. Сè е лажно, само парите се важни. Ќе го напуштам овој свет без трошка жалење – изјави тогаш Делон за магазинот „Paris Match“ и откри дека неговата последна желба е неговото куче Лобо да замине на тој свет со него.

– Ако „одам“ пред него, ќе го замолам ветеринарот да не пушти заедно. Ќе му направи инјекција и тој ќе може да умре во моите раце. Подобро на тој начин отколку да умира од тага на мојот гроб – рече актерот кој призна од што најмногу се плаши.

Како што рече – тој бил преплашен поради можноста, по неговата смрт, некој да го ископа поради земање ДНК во процесот на утврдување на татковство.

– ѝ реков на ќерка ми: „Те молам, не дозволувај тоа да се случи кога ќе умрам“ – заклучи Ален Делон.

Делон исто така призна дека не бил секогаш вистински џентлмен.

– Јас сум таков, правам глупави работи. Бев во затвор. Бев малку груб. Сè што имав беше моето лице “, рече Делон.

Сепак, жените секогаш паѓале на легендарниот актер, дури и кога тој бил бебе.

– Мајка ми мораше да стави натпис до мене: „Можете да гледате, но не смеете да допирате!“. Ме сакаа целиот мој живот, само неколку мажи беа сакани исто колку и мене – рече актерот.

Сепак, Делон рече дека тој никогаш не спиел со Брижит Бардо, која беше една од најубавите жени во Светот и најголема актерска sвезда во 1960-тите.

– Иако се чини чудно… и покрај сцените што ги снимавме, ние бевме само пријатели, но добри пријатели – рече Делон за „Paris Match“.

– Навистина ми се допадна и ја делевме истата страст кон животните. Ако не сакаше толку многу животни, сигурен сум дека ќе се убиеше досега, како и многу други одлични секс симболи. На жената ѝ е многу тешко кога веќе не гледа страст во машките очи – истакна Делон.

escort - Korsan taksi