Славниот актер објави дека му е дијагностицирана тешка болест: Ново срање…

20 октомври, 2020
9c59ad79-9f46-4423-848e-d6a813952dbe

Актерот Џеф Бриџис на социјалните мрежи објави дека му е дијагностициран лимфом.

“Како што би рекол Дуде, излегоа на виделина нови срања… дијагностициран ми е лимфом. Иако станува збор за сериозна болест, имам среќа што имам одличен тим на лекари и прогнозата е добра. Почнувам со лекување и ќе ве информирам за моето закрепнување”, напиша sвездата на филмот Големиот Лебовски.

Тој се заблагодари за поддршката и молитвите и ја искористи тешката ситуација за да ги потсети Американците да не заборават да гласаат на претстојните претседателски избори.

“Благодарен сум за љубовта и поддршката дадена од моето семејство и пријатели. Ви благодарам на сите за молитвите и добрите желби. И додека го имам вашето внимание, не заборавајте да гласате затоа што сите сме заедно во ова”, рече тој.

Лимфомот е најчестата форма на рак на лимфното ткиво, кој игра голема улога во заштитата од инфекции, бидејќи е составен дел на одбранбениот систем на организмот, стои на веб-страницата на Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“. Тоа е еден од десетте најчести видови на малигни заболувања, се наведува.

escort - Korsan taksiEskişehir Odunpazarı Escort Işıltı