СЛАВНИОТ ПРЕЉУБНИК ГО ДОБИ ШЕСТОТО ДЕТЕ: Фатен со дадилка, па ѝ направил дете на келнерка, но сега целосно се променил !

17 септември, 2020
'Captain Marvel' film premiere, Arrivals, London, UK - 27 Feb 2019

Џуд Лоу, 47-годишениот актер кој е познат како голем заводник, но и прељубник, доби дете со сопругата Филипа Коан. Не е познато каков пол е детето кое му го роди неговата четиринаесет години помлада сопруга.

Од неговиот прв брак и другите авантури, актерот веќе има пет деца, додека на Филипа ова ѝ е прво дете. Со актерката и продуцентка Сејди Фрост, Џуд има два сина Раферти и Руди, како и една ќерка Ајрис.

Тој исто така беше во врска со згодната актерка Сиена Милер која ја изневери со Дејзи Рајт, дадилката на неговите деца. Додека го снимаше „Шерлок Холмс“ во Њу Јорк, келнерката Саманта Бурк остана бремена со него и ја роди ќерката Софија. Во Лондон,  ја запозна кантавторката Кетрин Хардинг и со неа доби девојче Ада.

Џуд се вдоми со неговата избраничка Филипа (психолог) па дури и пред да добијат дете изјави дека сака да има повеќе деца затоа што е пресреќен во сегашната врска. Тие се венчаа во Лондон на тајна церемонија на која не беа поканети холивудски актери, туку само блиски пријатели и семејствата на младенците.