„Снајди се па живеј“- Како Никол ја претвори врската со Бред Пит во пари?

5 ноември, 2020
119161869_407529240225699_1744744284210740603_n

Иако е позната во модните кругови веќе некое време, 27-годишната германска манекенка Никол Потуралски е име кое се рашири низ целиот Свет само пред неколку месеци кога беше снимена во друштво на холивудскиот заводник, речиси три децении постариот Бред Пит. Иако наводната врска не преживеала па парот, според вообичаените пишувања на странски медиуми, решил да раскине, младата Германка сигурно ги заинтригирала медиумите и јавноста и се профилирала како своевидна ИТ девојка. Затоа, според National Enquirer, интересот за 27-годишната девојка е зголемен во модните кругови, па затоа споменатиот медиум наведува дека таа одлично ја искеширала врската со Бред Пит.

View this post on Instagram

I flirt with life..over and over again..

A post shared by Nico (@nico.potur) on

Имено, откако се прослави како нова девојка на славниот Бред Пит, Никол наводно добила двојно повеќе понуди за разни манекенски проекти, а се зголемила сумата што разни брендови и агенции се подготвени да ја платат за да ги рекламира младата Германка. Како што објасни гореспоменатиот медиум, за Никол која ги претставува, брендовите сакаат да покажат дека имаат ист вкус како 56-годишниот актер.

Да потсетиме, за новата романса на Бред Пит започна да се зборува кога тој беше снимен во друштво на младата Германка во Франција на крајот на август. Иако двојката не ја објави јавно наводната врска, некои медиуми стигнаа дотаму што тврдат дека очекуваат дете. Сепак, пред околу десетина дена, во светот одекна веста дека љубовта завршила. „Бред и Никол раскинаа пред извесно време. Нивната кратка врска никогаш не била сериозна“, изјави тогаш извор за странските медиуми. Интересно е и да се спомене дека веста за раскинувањето дојде само неколку дена откако насмеаната Никол беше снимена во друштво на нејзиниот 41 година постар сопруг Роланд Мери, со кого е во отворена врска и го има седумгодишниот син Емилио.