Со потпишувањето на договорот со Netflix, поранешниот принц Хари и Меган Маркл успеаа на кралството да му го вратат долгот од три милиони долари!

10 септември, 2020
o_14599974_1024

Рид Хастингс, еден од основачите на Netflix, изјави дека принцот Хари и Меган Маркл им се „продавале“ некое време на сите поголеми компании во индустријата за забава, вклучувајќи ги Disney и Apple, пред да потпишат профитабилен договор со Netflix, за кој тврди дека вреди околу 150 милиони долари.

Хастингс верува дека тоа бил паметен потег на парот, кој го напушти британското кралско семејство оваа пролет, да ги разгледа сите опции пред да се определи за Netflix, за што ќе создадат документарни, филмски и телевизиски содржини преку продуцентската куќа што ја основаа. Тие ќе создадат приказни што ќе бидат информативни и ќе даваат надеж.

Откако се договорил со стриминг услугата, Хари отплатил цели 3 милиони долари на даночните обврзници потрошени за реновирање на Фрогмор, куќа на имотот Виндзор, што им ја даде кралицата Елизабета Втора, по венчавката во мај 2018 година.