Сопствениците на кучиња после читање на овој текст ќе бидат воодушевени, а сопствениците на мачки – лути !

25 мај, 20200
kucinja

Американски научници ја испитале количината на сива материја во мозоците на кучиња, мачки, ракуни, лавови, кафеави мечки …

Експерти од американскиот универзитет во Вандербилт, кои ја испитале количината на сива материја во мозокот на осум главни видови на месојади (кучиња, мачки, ракуни, хиени, лавови, кафеави мечки …), откриле дека кучињата се поинтелигентни од мачките.

Иако, според претходните истражувања, мачките беа на прво место, со околу 300 милиони неврони, а кучињата беа на второ место со приближно двојно помалку неврони (160 милиони), новото истражување донесе различни сознанија.

Мачките имаат помалку неврони од кучињата?

Со 530 милиони неврони, кучињата имаат незаменлива моќ на мозокот во споредба со другите месојади, додека кај мачките е 250 милиони неврони. За споредба, луѓето имаат околу 16 милијарди неврони, а нивниот број во мозокот е поврзан со поголема интелигенција.

„Нашите резултати покажуваат дека кучињата имаат биолошка способност да прават многу покомплексни и пофлексибилни работи отколку мачките“, рече бразилскиот научник Сузана Херкулано Хаусел, невролог од универзитетот „Вандербилт“.

Таа верува дека бројот на неврони кај животните го одредува „богатството“ на нивниот ум и можноста да предвидат што ќе се случи во околината засновано врз претходните искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *