6 измамени славни жени кои се одмаздија: Остана пократок за 100 милиони долари, најде друг за миг! (ФОТО)

7 август, 20200
Annotation 2020-08-07 222901

Добриот и успешен живот е најдобрата одмазда по раскинувањето.

Овие познати жени им покажале на нивните поранешни и сопрузи дека нивната измама не ги крши и дека можат без нив. Тие признаа дека никогаш не се чувствувале толку добро отколку кога ги прекинале токсичните врски.

Џенифер Анистон и Бред Пит

Приказната е добро позната: Бред Пит ја запозна Анџелина Џоли на сетот на нивниот заеднички филм Г-дин и г-ѓа Смит, каде што започнаа со љубовната врска. И не би било чудно ако не беше во брак со Џенифер Анистон во исто време. Јавната измама делумно го оштети имиџот на холивудските актери кои на крајот се венчаа и станаа родители на шест деца.

Но, тие исто така покажаа дека е многу тешко да се одржи врската која започна со лаги. Никој не се изненади кога го објавија нивниот развод во септември 2016 година. Во меѓувреме, Џенифер се омажи и се разведе уште еднаш, но исто така изјави дека никој не треба да ја сожалува, затоа што се чувствува (и изгледа) фантастично.

Клои Кардашијан и Тристан Томпсон

За измамата на Тристан Томпсон се зборува веќе некое време. Првите гласини во јавноста се појавија кон крајот на минатата година, кога неговата девојка Клои Кардашијан беше во деветтиот месец од бременоста. И покрај снимките на кои се гледа како кошаркарот ја изневерува реалити ѕвездата со две жени, двојката во меѓувреме се смири

Тристан беше на раѓањето на своето дете и неколку месеци розите цветаа на љубовен план  со најмалата сестра Кардашијан. Двојката се распадна во октомври минатата година, кога беше јавно откриено дека Тристан повторно ја изневерува Клои со најдобрата пријателка на нејзината сестра – Џордин Вудс.

Елин Нордегрен и Тајгер Вудс

Еден од најголемите прељубнички скандали во поновата историја се појави на Денот на благодарноста во 2009 година. Тајгер Вудс призна дека спиел со голем број жени додека бил во брак со Елин Нордегрен. Иако беше јавно понижена, шведскиот модел го доби задоволството. Не само што светот јавно го осуди славниот голгетер, туку тој мораше да плати огромна сума по разводот. Се претпоставува дека Елин добила повеќе од 100 милиони долари, како и голема месечна алиментација за децата.

Марија Шривер и Арнлод Шварценегер

Светот беше шокиран од веста во 2011 година кога беше објавено дека Марија Шривер и Арнолд Шварценегер се разведуваат по 25 години брак. Шокот беше уште поголем кога се откри дека поранешната слугинка на холивудскиот актер и гувернер на Калифорнија, родила нивно заедничко дете четири години порано.

Иако Џозеф Баена наликува на неговиот биолошки татко, Арнолд Шварценегер призна дека нема никаква врска со него. Непосредно по разводот, Марија започна врска со политичкиот советник на Арнолд, Метју Дад.

Сандра Булок и Џеси Џејмс

Сандра Булок беше јавно понижена непосредно по освојувањето на Оскар за главната улога во филмот „Приказна за шампионот“. Џеси Џејмс јавно призна дека ја изневерувал за време на нивниот петгодишен брак. Иако оваа вест многу ја погоди, поради што актерката се повлече од јавниот живот некое време, тоа не и пречеше. Напротив, таа ја продолжи успешната кариера во Холивуд и во педесеттите години, посвои две деца, но исто така е во среќна врска со фотографот Брајан Рандал.

Анџелика Хјустон и Џек Николсон

Врската помеѓу Анџелика Хјустон и Џек Николсон е една од најбурните љубовни приказни во Холивуд. Американските актери биле во бурна врска која траела 17 години, но нагло завршиле кога Николсон признал дека очекува дете со друга жена – актерката Ребека Брусар. Но, тоа не ја заљсегна талентираната актерка. Само две години подоцна, таа се омажи за Роберт Греам, со кого живееше до неговата смрт во 2008 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *